четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 153
home Познати

Внуката на принцезата Дајана се мажи за 32 години постар милионер

Внуката на принцезата Дајана се мажи за 32 години постар милионер

Лејди Кити Спенсер (29), внука на покојната принцеза Дајана, за време на празниците се вери со милионерот Мајкл Луис (61).

Тој се развел од поранешната сопруга, со која има три деца, а неговото богатство е проценето на 80 милиони фунти, пишува „Метро“.

Луис е инаку пет години постар од таткото на Кити.

Парот за прв пат заедно во јавност се појавил во август 2018 година. Тогаш папараците ги забележале како се бакнуваат. Гласините околу запросувањето започнаа уште во јуни минатата година поради големиот дијамантски прстен кој Кити го носела на еден лондонски бал.

Врската тие ја признале дури подоцна, кога заедно прошетале низ Њујорк. Внуката на Дијана тогаш рекла дена не се брза околу основање на семејство.

Коронавирус