четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Познати

Влогер заработува голема сума пари на сметка на Амбер Хард

Влогер заработува голема сума пари на сметка на Амбер Хард

Популарен корисник на „Јутјуб“ заработува од судењето помеѓу Амбер Херд и Џони Деп.

Метју Луис, познат како „Дет амбрела гај“ (That umbrella guy), е познат по објавувањето видеа за познатите, а некои од последните популарни наслови објавени од негова страна ја напаѓаат актерката Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп.

Видеата на Луис за Херд биле прегледани од страна на вкупно 96 милиони гледачи. Според проценките, тие треба да му носат на Луис 64.600 долари месечно од „Јутјуб“.

Меѓутоа, многумина го напаѓаат Луис поради овие видеа бидејќи сметаат дека тој има финансиска корист доколку го драматизира судењето меѓу Херд и Деп, кое заврши неодамна.

Од друга страна, некои корисници го поддржуваат Луис.

Коронавирус