понеделник, 22. октомври 2018. Вести денес: 79
home Познати

Владо Илиевски проговори за аутизмот на двата сина (ФОТО)

Владо Илиевски проговори за аутизмот на двата сина (ФОТО)

Македонскиот кошаркар Владо Илевски, кој ѝ ја донесе победата на Македонија давајќи ја тројката на натпреварот со Литванија на Европското кошаркарско првенство, престана со професионалното играње кошарка.

Тој сега е посветен на своето семејство, на сопругата и двата сина, кои имаат аутизам. Исто така, тој е почесен амбасадор на Меѓународниот сојуз за цивилно општество и на хуманитарните мисии.

Кошаркарот искрено проговори за она со што се соочува неговото семејство, аутизмот и за двете негови деца. Вели дека борбата со аутизмот е присутна кај нив веќе подолго време, дека дури и би можел да напише многу за тоа како неговото семејство се справувало со целата ситуација.

На крајот за аутизмот се вели дека има илјада лица, така што секоја приказна, колку и да е слична на почетокот, се развива поинаку за секого и со разни стадиуми на пречки во развојот“, изјавил Владо Илиевски за „Убавина и здравје“. Тој вели дека негова силна желба е секој родител да добие шанса да го помине тој пат со помош на средината во која живее, а не да биде оставен сам на себе и да дејствува во границите на своите можности.

-Секој има право да му овозможи на своето дете третман и услови за развој, а со тоа и достоинствен живот. И за крај, секогаш сум бил и ќе бидам на располагање за секој што има потреба од совет или помош во борбата со аутизмот, додава Илиевски.

Најнови вести