среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Познати

Виновен за силување: 3 до 10 години затвор за Бил Козби

Виновен за силување: 3 до 10 години затвор за Бил Козби

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на Андреа Констанд во неговиот дом пред 14 години.

„Ова е сериозно злосторство”, рече судијата од округот Монтгомери, Стивен Т. О’Нил.

-Господин Козби, сето ова ви се врати сега. Дојде денот, време е.

Козби беше осуден во април годинава за нападот, но не ја коментираше пресудата. Неговите адвокати поднесоа жалба во случајот. На него исто така му е изречена казна со која ќе треба да плати 25.000 долари плус трошоците за гонење како дел од казната.

Обвинителите побараа од судијата во понеделникот да го осудат Козби на пет до десет години затвор во државниот затвор за нападот во 2004 година, велејќи дека тој не покажал каење за своите постапки. Сепак, бранителот на Козби, Џозеф П. Грин, побара куќен притвор, наведувајќи ја неговата возраст и слепило на Козби.

Одбраната на 80-годишниот комичар тврдеше дека тој има ослабен вид и оти не претставува опасност за својата околина, меѓутоа судот го карактеризира како предатор, па поради тоа е соочен со ваква казна. Тој ќе биде регистиран како сексуален напаѓач до крајот на животот, а ќе мора да посетува и психијатар. Исто така, јавноста ќе биде известувана за неговото место на живеење, како и за тоа каде се движи.

Пред изрекувањето на пресудата, Констанд напиша писмо од пет страници до судот објаснувајќи како нападот на Козби – и правната битка што следеше – го промени нејзиниот живот.

-Бил Козби ми го зеде мојот прекрасен, здрав млад дух и го скрши. Тој ме остави без моето здравје и виталност, мојата отворена природа и мојата доверба во мене и другите, пишува таа.

Најнови вести