сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 92
home Познати

Вилијам никогаш не го сторил тоа: Хари по раѓањето на синот на необичен начин и оддал почит на Лејди Ди

Вилијам никогаш не го сторил тоа: Хари по раѓањето на синот на необичен начин и оддал почит на Лејди Ди

Принцот Хари и Меган Маркл ја прекинале традицијата и веста за раѓањето на синот ја објавиле прво на Инстаграм. Принцот Хари одлучл да ѝ оддаде почит на својата мајка Дајана, на начин на кој неговиот брат Вилијам никогаш порано не ѝ оддал.

Хари во објавата за раѓањето на својот син ги споменал своите две тетки и вујко, грофот Чарлс Спенцер.

„Нејзиното Кралско Височество војвотката од Сасекс утрово го роди својот син во 5:26. Момчето е тешко 3,26 килограми. Војводата од Сасекс беше присутен на породувањето. Кралицата, војводата од Единбург, принцот од Велс, војвотката од Корнвал, војводата и војвотката од Кембриџ, лејди Џејн Феловес, лејди Сара МекКоркуодел и Ерл Спенцер се воодушевени од оваа вест. Мајката на војвотката, Дориа Рагланд, која е прескреќна поради доаѓањето на својот прв внук, која сега е со Кралското Височество. Нејзиното Кралско Височество и бебето се добри“, гласи полната изјава од Бекингамската палата.

Многумина веднаш забележале дека меѓу првите се споменуваат lady Jane Felloweѕ , Sarah McCorquodale и грофот Спенцер. Хари на тој начин покажал дека подеднакво го уважува семејството на својата покојна мајка Дајана, како и семејството на својот татко Чарлс.

За разлика од него, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, по раѓањто на нивните три деца, никогаш не ги споменале братот и сестрите на Лејди Ди.

Меган Маркл го родила синот утрово во 5:26, а принцот Хари бил покрај неа за време на породувањето.

„Меган и јас добивме син рано утрово – многу здраво момче. Мајката и детето се неверојатно добри. Тоа беше најневеројатното искуство кое некогаш би можел да го замислам. Како жените го прават тоа што го прават, навистина е неверојатно да се сфати. Двајцата сме апсолутно воодушевени и бралодарни на сите за поддршката. Беше неверојатно и сакавме да го споделиме со сите“, рекол Хари.

 

Коронавирус