недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Познати

Вилата на Цеца на Кипар се распаѓа: Оваа пејачка итно дојде со нејзината фирма да и помогне на колешката, ќе ја реновира од подот до плафонот

Вилата на Цеца на Кипар се распаѓа: Оваа пејачка итно дојде со нејзината фирма да и помогне на колешката, ќе ја реновира од подот до плафонот

Светлана Цеца Ражнатовиќ овие денови е на заслужен одмор на Кипар каде и се придружи и внукот Жељко, освен сестрата со која од претходно се одмара таму.

Сепак, на гости во вилата дојде и нејзината кума, пејачката Вики Миљковиќ, по што медиумите ја открија и причината за нејзиното доаѓање таму.

Имено Цеца е подготвена да ја реновира вилата на Кипар, а Вики е подготвена да и помогне со нејзината нова фирма која се занимава со недвижности, а ја отвори во време на корона кризата со нејзиниот сопруг.

-Цеца со години не вложуваше пари во вилата, а сега одлучи потполно да ја среди. Кога Вики и рече дека отворила фирма за тие работи, таа одма се одлучи да ја ангажира. Миљковиќ беше пресреќна што Цеца е една од нејзините први клиентки. Тоа е сјајна реклама, вели изворот за српските медиуми.

Изворот додава дека Цеца сака да ја реновира вилата од подот, па се до плафонот.

-Ќе ја среди оградата која и е во лоша состојба, фасадата, базенот, целата инфраструктура на куќата, а Вики со своите архитекти и дизајнери на ентериер ќе го изработат проектот, вели изворот.

Инаку Вики ја искористи приликата на Кипар да ужива со сопругот и синот, а да се дружи и со Цеца и нејзиното семејство, особено внукот Жељко кој е вистинска атракција за сите.

Коронавирус