четврток, 25. април 2019. Вести денес: 157
home Познати

Вики Миљковиќ беше на „ремонт“: Пејачката преминува улица, а силиконите одат „2 минути пред неа“ (ФОТО)

Вики Миљковиќ беше на „ремонт“: Пејачката преминува улица, а силиконите одат „2 минути пред неа“ (ФОТО)

Пејачката Вики Миљковиќ која е и член на жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд” секогаш се грижи  за  својот изглед. Навикнати сме да ја гледаме убаво облечена и дотерана, ама папараците на српски Ало ја уловија пејачката во малку поинакво издание.

Ја начекаа, па ја усликаа кај нејзиниот дом во Бежаниска Коса и како што можеше да се забележи, дека нејзините гради се поголеми од вообичаеното.

Дотерана, насмеана и со огромно деколте Вики изгледа мошне предизвикувачки, па останува да се види дали пејачката го посетила естетскиот хирург и втиснала силикони во градите или тоа е само оптичка измама?

Да ве потсетиме, Вики неодамна зборуваше за естетската хирургија и призна дека имала неколку корекции:

-Никој од нас не е совршен, па ниту јас. Ако почнам да ви кажувам што се’ би направила, листата ќе биде баеги голема. Но, за среќа јас умеам добро „да се спакувам“, па недостатоците многу да не ми  се забележуваат, рече еднаш пејачката.

Извор: Вистина.мк