понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Познати

ВИДЕО: Синот на Џејми Оливер по стапките на својот татко

ВИДЕО: Синот на Џејми Оливер по стапките на својот татко

Познатиот британски готвач Џејми Оливер, се чини, ја пренесе својата љубов кон готвењето на неговиот 10-годишен син Бади. Момчето направи уште едно видео во кое ги открива готварските тајни на неговиот татко.

Една од нив е тоа – како брзо и лесно се подготвува зеленчук за в тава. „Бади сподели неколку свои совети и трикови за во кујната, со цел да ги инспирира своите пријатели готвачи да се чувствуваат побезбедно во кујната. Запомнете, сакаме што повеќе деца да ни се придружат во покажувањето рецепти”, напиша Џејми во описот на видеото што гордиот татко го сподели на својот Инстаграм-профил.

– Денеска ќе ви покажам неколку трикови за готвење што ги научив од татко ми, вели Бади на почетокот на видеото.

Бади потоа покажува како се лупи ѓумбир без да се оштети јатката – на безбеден начин, погоден токму за деца. Имено, тој го замени ножот со лажица. (МИА)

 

Коронавирус