понеделник, 17. јуни 2019. Вести денес: 40
home Познати

ВИДЕО: Се запали на трка и едвај преживеа- Ники никогаш не си прости за смртта на 200 луѓе

ВИДЕО: Се запали на трка и едвај преживеа- Ники никогаш не си прости за смртта на 200 луѓе

На 71. година почина легендата на Формула 1, Ники Лауда.

– Со длабока тага соопштуваме дека нашиот сакан Ники почина во понеделник во кругот на фамилијата. Неговото остварување како сопртист и бизнисмен ќе остане незаборавно. Тој е идол за сите нас, беше добар сопруг, татко и дедо и ќе ни недостасува, соопштило семејството на Лауда.

Инаку, Ники Лауда кој е роден на 22 февруари, 1949 година во Виена, заврши во болница поради наводни компликации со бубрезите, а се уште не е позната точната причина за смртта.

Светот денеска се простува од тројниот шампион на Формула.

Инаку, кариерата освен успесите му ја одбележа и кобна несреќа, во Нинберг во 1976. година кога неговиот болид се запали. Тој имаше изгореници од трет степен на главата и лицето, па остана без поголемиот дел од десното уво, косата, очните капаци и веѓите. Доби и тешко оштетување на белите дробови.

Му беше направен оперативен зафатт, и иако многумина мислат дека ова е најголемата несреќа, сепак тој за најкобен момент сметаше друга случка. негов авион, со оглед на тоа дека поседуваше авиокомпании, се сруши, загинаа 200 лица, а тој изјави дека никогаш нема да си го прости тоа.