вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 6
home Познати

ВИДЕО: По медиумиските натписи се огласи Луна Џогани, конечно откри дали повторно ќе биде дел од реално шоу

ВИДЕО: По медиумиските натписи се огласи Луна Џогани, конечно откри дали повторно ќе биде дел од реално шоу

Луна Џогани, која во изминатите години јавноста можеше да ја следи како дел од едно српско реално шоу, сега повторно се најде во медиумите кои веќе со денови пишуваат за нејзино враќање под будното око на камерите.

Ќерката на Анабела Атијас и Гаги Џогани деновиве ужива на планина со сопругот Марко Миљковиќ и ќерката Миа, а на нивниот ЈуТјуб канал се огласи и откри дали натписите во медиумите се вистина.

-Реалните шоуа се мое минато. Бев таму три години и повеќе нема потреба да се пишува за тоа дека повторно ќе влезам, особено не со моето бебе. Нема потреба повеќе да се зборува за тоа. Мојот живот во моментов е онаков каков отсекогаш сакав, среќна сум и исполнета. Нема ниедна причина зошто сега да влезам во реално шоу, демантира Луна.

Таа додаде дека сега нејзиниот живот се сопругот и ќерката и на тоа е фокусирана, а единствено место каде обожавателите ќе може да ја гледаат е на нивниот ЈуТјуб канал, Инстаграм или евентуално некое интервју.

Коронавирус