петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 85
home Познати

ВИДЕО: Најбогатиот човек на светот купи 3 стана за 80 милиони долари- имаат 12 спални соби и балкон од 500 метри квадратни

ВИДЕО: Најбогатиот човек на светот купи 3 стана за 80 милиони долари- имаат 12 спални соби и балкон од 500 метри квадратни

Иако компанијата Амазон се откажала од седиштето во Њујорк, нејзиниот шеф и најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, одлучил да се стационира токму таму, па на Менхетен купил три стана за „мала“ цена од вкупно 80 милиони долари.

Три стана заедно, односно пентхаус и два спрата под него, имаат 12 спални соби и се простираат на повеќе од 1.600 метри квадратни.

Троспратниот пентхаус има 5 спални соби, 6 купатила и одвоен седмособен апартман.

Вториот спрат на пентхаусот има ходник кој води кон терасата од скоро 500 метри вквадратни, додека на самиот врв има така наречена опсерваторијам односно соба окружена со стаклени ѕидови, а излегува на сопствена тераса со поглед на северен, источен и јужен Менхетен.

Иако Безос го купил за 58 милиони долари, кога бил ставен на шазарот кон крајот на 2017 годијна чинел 73,8 милиони долари. Додатните два стана шефот на Амазон ги платил вкупно 28,5 милиони долари.