недела, 29. март 2020. Вести денес: 31
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

ВИДЕО: Кој вели дека Северина не е вредна

ВИДЕО: Кој вели дека Северина не е вредна

Северина Којиќ деновите ги поминува во Белград, во семејната вила на сопругот Игор Којиќ. Со нив во домашна изолација се и неговите родители, Драган Којиќ Кеба и Олја. Вилата од 330 квадрати е сместена во елитниот дел на Белград, а први соседи им се Лепа Брена и директорот на Гран продукција, Саша Поповиќ.

Последните месеци пандемијата од коронавирусот го „парализираше“ целиот свет па така и семејството Којиќ.

Пејачката се „фатила“ за магичните крпи па ги дезинфицирала сите критични места како прекидачите за светло, кваките, и кујнските елементи.

 

View this post on Instagram

 

Seve čisti u Kebinoj vili #severina #srbijavip

A post shared by Srb VIP (@srbija.v.i.p) on

Со видеото, на социјалните мрежи, се пофали свекрвата Олја и коментираше: „Снаа во доба на корона“. Многу нејзини пријатели забележаа дека Игор лежи на каучот и гледа телевизија, додека сопругата чисти, на што свекрвата одговорила: „Го љуби мама“.

– Кој рече дека снаата не е вредна? Па ве молам – вели Кеба гордо во видеото на што Северина само се насмеа.

Во саботата пејачката заедно со Кеба имаа лајв концерт на Инстаграм. Изведоа неколку хитови, а за крај Северина на сите им порача да останат дома.