среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 32
home Познати

ВИДЕО: Ја прашаа Камила дали ќе и недостигаат Хари и Меган, одговорот стана хит

Полека си смирува бурата во Велика Британија од одлуката на Меган Маркл и принцот Хари да се повлечат од кралските должности.
ВИДЕО: Ја прашаа Камила дали ќе и недостигаат Хари и Меган, одговорот стана хит

Меган веќе некое време е во Канада со својот син Арчи, а денеска им се придружи Хари.

Британските известувачи сега се фокусираа на остатокот од кралското семејство, па затоа ја прашаа Камила Паркер, војвотката од Корнвол и сопругата на принцот Чарлс, за пребеганата двојка.

Новинарите ја прашаа дали ќе и недостигаат Хари и Меган.

Камила направи пауза, се насмевна и кратко одговори: „Секако“.

Снимката се рашири на социјалните мрежи, а многумина се убедени дека таа одговори дипломатски.

„Погледни го нејзиниот израз“, велат во коментарите.