вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 125
home Познати

ВИДЕО: Гога Секулиќ го откри полот на детето

ВИДЕО: Гога Секулиќ го откри полот на детето

Српската пејачка Гога Секулиќ преку Инстаграм ја сподели веста дека со вереникот Урош ќе станат родители на син.

-Пресреќни сме. На прво место и тоа што ни е најважно е бебето да биде здраво. Мене навистина ми беше сеедно каков пол ќе биде детето, искрено сакав близнаци и машко и женско. Урош е многу среќен, гледам дека му е мило што ќе добиеме син, изјавила пејачката за српски портал.

Таа открива и дали веќе со сопругот имаат смислено име за нивниот наследник.

-Дури сега почнавме да размислуваме за тоа, да бидам искрена. Имаме повеќе опции, ќе видиме на крај што ќе одлучиме, изјавила возбудено пејачката.