Георгина Родригез го гледаше финалето на Лигата на нации во кое Португалија ја победи Шпанија по изведување на пенали, а нејзиното стомаче привлече посебно внимание на трибините, а луѓето на социјалните мрежи се прашуваа дали инфлуенсерката е повторно бремена.
Имено, видеото споделено на една од фан-страниците ја прикажува Георгина како стои во ложата на „Алијанц Арена“ и ја држи раката над стомакот, кој изгледа доста поголем.
Поради ова, многумина мислеа дека инфлуенсерката е бремена и се прашуваа дали таа и Кристијано Роналдо очекуваат ново бебе.
View this post on Instagram
Португалскиот фудбалер ја прослави победата на Лигата на нации во друштво на својата партнерка Георгина Родригез, а заедно позираа со пехарот.
Фотографијата ја споделија Кристијано и Георгина , а покрај онаа на која се прегрнуваат и го држат пехарот, таа додаде и уште неколку снимки кои ги бележат деталите од гледањето на самото финале на Лигата на нации.
View this post on Instagram
Двојката има пет деца, а Георгина е биолошка мајка на Алана Мартина и Бела Есмералда.
Роналдо има 14-годишен син, Кристијано Џуниор, и сè уште не го открил идентитетот на својата биолошка мајка. Покрај тоа, тие ги имаат близнаците Матео и Ева (7), кои се родени од сурогат мајка.
По финалето на Лигата на нации, Георгина се појави на прославата по повод 10-годишнината од Нетфликс во Шпанија, а за таа пригода носеше фустан од корсет кој имитира долна облека.