среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 129
home Познати

ВИДЕО: Џеј си замина во недела, како во стиховите на неговата песна – Оваа приказна се крие зад неа

ВИДЕО: Џеј си замина во недела, како во стиховите на неговата песна – Оваа приказна се крие зад неа

Балканот е во шок по веста за смртта на познатиот пејач Џеј Рамадановски. Тој почина по неуспешните обиди за негова реанимација денес во неговиот дом на 56 годишна возраст.

Џеј си замина во ден недела, како во стиховите на една од неговите најпознати песни, а 26 години по нејзиното издавање Џеј открил дека му е најомилена, автобиографска, а тој е „виновен“ за рефренот.

-Во тоа време кога Фута и јас ја работевме песната, ни недостасуваше рефрен. За рефренот на „Недела“ јас сум виновен. И ја раскажав на Марина Туцаковиќ својата приказна од попавниот дом. Како дете, кога бев добар ми дозволуваа да одам дома, а доколку не сум добар останував во домот. Таа „Недела“ говори за мене самиот, кога не добив дозвола да излезам, а Марина за 10 минути го напиша рефренот, откри Џеј во една емисија.

„Nedelja, i svi ste tu
sve podseca na srecu
nedelja, a vise vas ja
zagrliti necu

Nedelja, i svi ste tu
a mene s’ vama nema
daleko negde sam
na put bez povratka
vas sin se sada sprema“.

Кариерата ја започна во 1987 година; тој издаде голем број успешни албуми во 90-тите години на минатиот век, а две децении подоцна тој скоро престана да снима.

Коронавирус