среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 76
home Познати

Вешто ги крие од јавноста, но ќерка и е под бурно око на медиумите: Ова е семејството на Хрватската претседателка Колинда (ФОТО)

Вешто ги крие од јавноста, но ќерка и е под бурно око на медиумите: Ова е семејството на Хрватската претседателка Колинда (ФОТО)

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ важи за вистинско претседателско освежување на Балканот, но освен на Балканот таа му донесе и целосно освежување на неодамнешното Светско Првенство кое се одржа во Русија.

На трибините во Русија Колинда беше во присуство на својот сопруг Јаков, а откако привлече големо внимание околу себе, светските медиуми се заинтересираа детално за нејзиниот приватен живот и семејство.

Претседателката своето семејство вешто го крие од очите на јавноста, но еден од фактите е и возраста на децата.

Колинда инаку има две деца, синот Лука и ќерката Катарина, која привлекува посебно внимание во јавноста.

Седумнаесет годишната тинејџерка реди успеси на сите меѓународни натпреварувања во уметничко лизгање и важи за една од најталентираните на овие простори.