петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 50
home Познати

Вера Мештеровиќ со „фул опрема“ кога треба да излезе од дома среде пандемија, па веднаш доби коментар: „И со маска си најубава“

Вера Мештеровиќ со „фул опрема“ кога треба да излезе од дома среде пандемија, па веднаш доби коментар: „И со маска си најубава“

Иако овие денови ги минуваме дома во карантин односно изолација почитувајќи ги мерките за заштита од корона, сепак постојат некои обврски кои не може да чекаат и мора да ги завршиме.

Македонските јавни личности преку социјалните мрежи апелираат да се остане дома, па тие се и пример за тоа. Имено, пејачите ги откажаа своите концерти, настапи, тезги, а со своите фановите се дружат во живо преку социјалните мрежи.

Некогашната мисица, модел и манекенка Вера Мештеровиќ на својот „Инстаграм“ сподели како да се заштитиме од короната и кои се препораките кои треба да ги почитуваме.

Мештеровиќ ја следи ситуацијата во државата и ги почитува мерките, а кога треба да се излезе од дома треба да се користи заштита, односно маска, ракавици, алкохолни марамици….

Па, така деновиве кога Вера имаше обврски и требаше да излезе од својот дом, таа излезе со „фул опрема“.

„Биди причина за убави нешта“ напиша пејачката на фотографијата каде позира со заштита од „Ковид 19“, а под објавата веднаш доби коментар од Елена Ристеска која и порача дека и со маска е најубава.

Примерот на познатите нека ни служи да ги почитувате мерките и препораките за заштита бидејќи тоа е единствен начин да престане да се шири вирусот, па затоа #седисидома.

 

Коронавирус