четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 190
home Познати

„Веќе не сум ти мајка“: Синот на Лепа Брена го напуштил семејниот дом и се повлекол целосно од јавноста!

„Веќе не сум ти мајка“: Синот на Лепа Брена го напуштил семејниот дом и се повлекол целосно од јавноста!

Повозрасниот син на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ, во 2017 година се претстави како пејач, а неговата песна „Два лудака“ наиде на позитивни критики од публиката, па изгледаше дека тој ќе ја наследи кариерата на мајка си.

Меѓутоа, во 2020 година, Стефан одржа новогодишен концерт во Врњачка Бања и потоа се повлече од јавната сцена од непознати причини.

Тој истата година, преку адвокатска канцеларија, испрати соопштение во кое изјави дека повеќе не сака да биде дел од јавниот свет, а набрзо го напушти и семејниот дом.

Го поддржав целосно. Кога ќе се сетам само на неговата тактика ‘оди маца покрај тебе…’ Пред неколку години рече дека не сака повеќе да игра тенис и дека сака да му купиме клавир за да ‘пее за своја душа’. Му ја исполнивме таа желба за време на студиите, за три години тој го заврши факултетот, се врати дома и продолжи да свири“, ја коментира Брена одлуката на својот постар син, додавајќи:

Толку интезивно работеше на себе што бев шокирана. Ја сакам таа пасија, посветеност на она што го работите, тој перфексционизам, страст… Да се разбреме, немаше да има ништо тоа ако немаше талент. Меѓутоа, кога ќе почнете да работите на талентот, откривате една специфична музичка емоција. Мислам дека Стефан ќе успее во она што го зацртал, но ајде да почекамеда видиме! Публиката нека го даде својот суд. Со големо внимание следам се’ што прави и мислам дека сум неговиот најголем критичар. Отворено му кажав: ‘Ако веќе одлучи да се занимаваш со музика, јас веќе не сум твоја мајка, туку твојот супервизор, кој надгледува се’ и сака од неизбрусан кристал да направи дијамант“, вели најпопуларната пејачка во регионот за својот наследник.

Коронавирус