четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 21
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Веќе не се облекува ниту „кралски“: Од оваа прва фотографија на Меган по скандалот се ќе ви стане јасно за нивната одлука со Хари

Веќе не се облекува ниту „кралски“: Од оваа прва фотографија на Меган по скандалот се ќе ви стане јасно за нивната одлука со Хари

Меган Маркл е фотографирана првпат после кризниот состанок кој беше одржан во понеделникот во Велика Британија.

На состанокот се одлучуваше за иднината на Маркл и принцот Хари, после одлуката дека се одвојуваат од кралското семејство.

Папараците ја фотографирале Меган Маркл кога се качувала во авион, додека си одела од посетата на еден женски добротворен центар во Канада. Таа постојано имала широка насмевка на лицето.

После тоа се појавија и фотографии кои настанале за време на посетата во центарот, на кои може да ја видиме Меган во опуштено издание – носи бел џемпер, црни панталони и чизми.

„Погледнете со кого пиевме чај денеска! Војвотката од Сасекс, Меган Маркл нè посети денеска за да поразговараме за проблемите кои се однесуваат на жените во заедница“, стои во описот на фотографијата која овој женски центар ја сподели на социјалните мрежи.

Како што пренесуваат британските медиуми, телохранителот на Меган ја испратил до авионот.

„Не мораше да седи и да чека со останатите патници внатре во терминалот“, рекол извор од аеродромот за британскиот „The Sun“.

Како што се наведува, и принцот Хари наскоро ќе стигне во Канада.

Најнови вести