петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 190
home Познати

Вдовицата на Коби и го честиташе роденденот на својата почината ќерка со потресна порака: „Би сакала да си со нас“ (ФОТО)

Вдовицата на Коби и го честиташе роденденот на својата почината ќерка со потресна порака: „Би сакала да си со нас“ (ФОТО)

Вдовицата на кошаркарската легенда Коби Брајант, Ванеса Брајант, на својот Инстаграм и го честиташе роденденот на својата ќерка Џана, која почина со нејзиниот татко во страотен пад на хеликоптер во јануари 2020 година.

Имено, Џана Брајант би го прославила својот 15-ти роденден, а нејзината мајка Ванеса објави емотивна посвета на својата втора ќерка, која беше миленичка на Коби.

– Драга Џијана, среќен 15-ти роденден! Те сакам! Ми недостасуваш секој ден! Посакувам да бевте тука со нас. Нема зборови со кои можам да опишам колку ми недостигаш. Те сакам Мамбасита! – напиша Ванеса со заедничка фотографија со нејзината покојна ќерка.

Вдовицата на Коби со денови пред нејзиниот роденден на својот Инстаграм објави колекција на тренерки што и ги посвети на неа и на кои е напишан нејзиниот прекар Мамбасита, кои ги доби по нејзиниот татко, кој беше наречен Црна Мамба.

Џиана беше средно дете на починатиот кошаркар и неговата вдовица, а заедно ги имаа и ќерките Наталија Дијаманте (18), Бијанка Бела (4) и Капри Коби (1).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant 🦋 (@vanessabryant)

Локални избори 2021