понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Познати

Вардаровите херои луксузните автомобили ги кријат како змија нозете- Дибиров вози исти како Ван Перси, Самсоненко вистински „ѕвер“

Вардаровите херои луксузните автомобили ги кријат како змија нозете- Дибиров вози исти како Ван Перси, Самсоненко вистински „ѕвер“

Ракометарите на Вардар овие денови се вистинска сензација низ цела Европа, не само дома во Македонија.

Иако спортските икони веќе неколку дена се одмораат дома по освојување на шампионската титула, медиумите секојдневно се потсетуваат на хероите кои не смее да бидат заборавени.

Откако вчера КУРИР објави за понежните половини на ракометарите и нивната мотивација, денес се обидовме да истражиме што возат Вардаровите херои надвор од теренот.

Сепак очигледно е дека тие своите „луксузни“ автомобили ги кријат како нозете змијата, па податоците речиси и да не се достапни на интернет, ниту пак на нивните приватни социјални мрежи.

Сепак според фотографиите од минатото највоодушевувачки луксузен ѕвер вози Тимур Дибиров.

Имено Дибиров кој е познат по тоа дека е страстен љубител на скапи и брзи автомобили, тој до неодамна возеше Ауди А7, а во моментов вози Порше-панамера кое изнесува околу 80.000 евра.

Сепак во меѓувреме дали се подновил со нов автомобил не можеме да тврдиме со сигурност, но како и да е овој ѕвер му е доволен на Дибиров кој е исти како на фудбалерот Ван Перси.

Освен за единствениот ракометар кој на Инстаграм не го крие својот автомобил, достапни информации единствено најдовме и за сопственикот на клубот, Русинот Сергеј Самсоненко  кој вози модел од класата на Порше Кајен, вредно околу 100.000 евра.