недела, 5. декември 2021. Вести денес: 83
home Познати

Ванда и Икарди се смирија, имале потпишано развод, но таа се предомислила: Едно писмо промени се, не можам без него

Ванда и Икарди се смирија, имале потпишано развод, но таа се предомислила: Едно писмо промени се, не можам без него

На големата сапуница меѓу напаѓачот на ПСЖ Мауро Икарди и Ванда Нара по се изгледа конечно и се гледа крајот.

Веќе неколку дена трае кризата на љубовниот пар поради аферата на аргентинскиот напаѓач. Ванда преку социјалните мрежи неколку пати порача дека нивниот грак е готов, а ПСЖ му даде на Икарди словоди денови додека не ја реши ситуацијата.

Сепак, нов пресврт, Ванда сега објави фотографија и порака на Инстаграм која сугерира дека сепак успеале да се смират.

„Фотографиите кои ги објавував последниве месеци покажуваат колку сме добри и среќни. Многу ме повреди тоа што се случи. Секој денбарав од Мауро развод. Кога сфати дека нема враќање, ми кажа дека не можеме вака да продолжиме. Сфати дека ако разделбата е единствен начин да ја прекинеме таа болка, тогаш тоа треба да го направиме.

Отидовме кај адвокат. За два дена Мауро ги прифати сите услови и потпишавме договор. Наредниот ден ми напиша писмо какво што никој не ми напишал: „Се ти дадов и имаш се, се надевам дека ќе бидеш среќна зошто тоа би ме усреќило“. И тука нешто сфатив: И да имам се, немам ништо ако не сум него. Сигурна сум дека овој лош период низ кој минуваме ќе не направи посилни како пар и семејство.

Важно е дека двајцата имавме слобода да застанеме на крај на нашата осумгодишна историја, но со душа уморна од плачење, повторно слободно се избравме. Те сакам, Мауро Икарди“

Коронавирус