Наградите „MAC“ се одржаа синоќа во белградска Арена, а секако, јавните личности се потрудија да заблескаат на настанот. Сепак, со својот стил, пејачката Сашка Јанковиќ се издвојуваше од класичните елегантни тоалети.
Таа пристигна на црвениот тепих во фустан, изработен од “фолија со меури кои ги пукаме“, со горниот дел украсен со камчиња во предниот дел.
Долната страна на фустанот е асиметрична, пократка напред, подолга во задниот дел, а Сашка има облечено и чорапи и сандали со метал сива боја.