четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 209
home Познати

Вака изгледа зданието во кое живее српската пејачка – вредноста на куќата е 650 илјади евра, лани за реновирање искеширала вртоглава цифра

Вака изгледа зданието во кое живее српската пејачка – вредноста на куќата е 650 илјади евра, лани за реновирање искеширала вртоглава цифра

Пејачката Тина Ивановиќ со сопругот Ѕвездан живее во вила во околината на Белград чија вредност се проценува околу 650 илјади евра.

Неодамна екипата на емисијата „Папарацо лов“ ја снимија куќата од сите можни агли, а од видеото се гледа дека пред влезот на куќата во долниот кат се наоѓа и продавница за водоводна опрема.

За време на пандемијата лани, пејачката се одлучи да ја реновира и внатрешноста на куќата, како би можела да ужива во неа по свој терк.

Како што објавија медиумите таа тогаш потрошила дури 20 илјади евра за целото реновирање.

-Точно е, ја реновирав куќата во текот на минатото лето, станува збор за работи кои не стигнав да ги направам со текот на времето, но за сумата не сакам да коментирам, изјави неодамна Тина.

Најнови вести

Коронавирус