Познато е дека популарната пејачка Јелена Карлеуша по смртта на саканата мајка Дивна, која минатата година во март ја загуби битката со канцерот на дојка, ја потстрижи косата и оттогаш носи перики на јавните појавувања и настапи.
Вистинска реткост е да се види со природната должина на косата, па токму затоа нејзиното појавување на едно од снимањата на емисиите „Гранд ѕвезди“ им го привлече вниманието на медиумите.
Имено, популарната пејачка се појави со кратка коса, носејќи капче.