петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Познати

Вака Исидора Бјелица зборува за Македонија и Македонците (ВИДЕО)

Вака Исидора Бјелица зборува за Македонија и Македонците (ВИДЕО)

Познатата писателка Исидора Бјелица по долго и тешко лекување почина на 52 години.

Веста за нејзината смрт ја изненади регионалната јавност, а познатите преку социјалните мрежи се простуваат од авторката.

Исидора често доаѓаше во Македонија, а тука се лекуваше и во една приватна клиника.

Писателката беше добра пријателка со водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска и неколку пати гостуваше во нејзината емисија.

Во едно нејзино гостување, таа откри што мисли за Македонија и Македонците.

„Ги обожавам Македонците. Две години се лекувам во Македонија и тоа е мојот втор дом. Вие сте попријатни. Мислам дека таму нема толку љубомора како тука. Пријателите од Македонија ми велат дека ми се причинува, но не ми се причинува“ изјави Исидора.

Инаку, како што пренесуваат српските медиуми, Бјелица пред да почине била во Охирд, но бидејќи и се влошила здравствената состојба еден ден пред да почине таа се вратила во Србија.

Целото интервју погледнете во видеото подолу.

ИЗВОР: ВИСТИНА.МК

Коронавирус