петок, 30. септември 2022. Вести денес: 0
home Познати

Утре во Крушево ќе бидат одбележани 37 години од раѓањето на Тоше Проески

Утре во Крушево ќе бидат одбележани 37 години од раѓањето на Тоше Проески

Со голема почит и пригодна програма утре Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески, македонската и балканска поп ѕвезда.

На 25 јануари Тоше Проески требаше да наполни 37 години.

Локалните власти со управата на  спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“ и со крушевското средно училиште „Наум Наумовски Борче“ на утре во спомен куќата „Тодор Проески“ организира музичка манифестација. Претходно на Гумење  ќе биде посетен неговиот гроб.

Во Крушево веќе пристигнуваат фановите од Македонија и од Балканот да го одбележат роденденот на Тоше убедени дека  големата македонска и балканска музичка ѕвезда вечно преку  песните и во спомените ќе живее и во Македонија и на овие балкански простори.

Коронавирус