понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Познати

Уште една поп-ѕвезда пронајдена мртва во својот дом

Уште една поп-ѕвезда пронајдена мртва во својот дом

Корејската поп-ѕвезда Гоо Хара (28) била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Сеул, само две недели откако ја започнала турнејата која требало да биде нејзино големо враќање на музичката сцена. Пред шест месеци, имено, пејачката се обидела да се самоубие.

Мртвото тело на Хара било пронајдено во нејзината куќа околу 6 часот наутро по локално време. Само неколку дена порано, таа одржала концерт во Јапонија, каде имала и петдневна турнеја и промоција на нејзиниот нов соло албум.

Поранешната членка на женскиот бенд „Кара“, исто така, пред неколку недели објавила извинување до своите фанови поради тоа што на почетокот на година „предизвикала“ метеж, кога ја најдоа во несвест во нејзиниот стан во главниот град на Јужна Кореја.

„Жал ми е што предизвикав загриженост и метеж. Во однос на моето здравје, закрепнувам. Бев во агонија околу голем број проблеми. Но, отсега ќе го зацврстам срцето и ќе се обидам да останам здрава“, напишала таа.

Таа не е прва К-поп мега ѕвезда која не можела да се справи со притисоците во оваа контроверзна индустрија. Минатиот месец, Сули, друга поранешна членка на групата, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан, откако „се бореше со сериозна депресија“.

Во декември 2017 година, Ким Јонг-Хјун (27) од групата Шини, исто така се самоуби, откако се бореше со депресијата.

„Јас сум скршен внатре. Депресијата полека ме изеде и конечно ме проголта целиот, и тоа повеќе не можам да го издржам“, напишал тој во прошталната порака.

Коронавирус