понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 78
home Познати

Уште една навреда за кралското семејство- плановите на Меган Маркл за малиот Арчи нема да им се допаднат на Британците

Уште една навреда за кралското семејство- плановите на Меган Маркл за малиот Арчи нема да им се допаднат на Британците

Меган сака да прави работи по свое, вели извор близок до кралското семејство за американскиот магазин „US Weekly“, со што наговести дека војвотката од Сасекс планира да воведе промена во кралското семејство.

Меган неколку пати досега инаку ги покосила строгите кралски правила, а како што вели изворот нејзината најнова одлука нема да им се допадне на Британците, особено на кралицата Елизабета.

-Меган е многу силна жена која сака да ја модернизира британската монархија, што е една од причините што принцот Хари ја одби титулата за неговиот син Арчи. Таа и Хари сакаат нивниот син да води „нормален“ живот, вели изворот.

Наводно поранешната актерка сака да го воспита својот син на „американски начин“.

-За Меган е многу важно да Арчи биде запознаен со нејзината семејна историја исто како и со кралската историја, вели изворот кој додава дека Меган планира да го однесе синот во Лос Анџелес штом бебето биде подготвено за долг лет со авион.