недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 30
home Познати

Уште еден славен пар се разделува, почна борбата за детето и милионите

Уште еден славен пар се разделува, почна борбата за детето и милионите

Шерил Кол и нејзиниот десет години помлад партнер Лијам Пејн се пред разделба. Парот се препира околу старателството над синот и распределбата на неговите 54 милиони фунти.

Поранешниот член на „One direction“ наводно се консултирал со адвокати и во тек се преговори за тој да може да го заштити имотот.

Парот живеел две години во вонбрачна заедница, а во март минатата година станаа родители на момче.

-Не ме погодуваат гласините и прашањата дали ми е тешко. Ништо не ми е тешко, кратко и двосмислено одговорила Шерил на прашањето на новинарите кои и било поставено деновиве.

Неименуван извор за „Сан“ изјавил дека Лијам би сакал да останат заедно, но за секој случај се распрашува за правните процедури.

-Нивната врска одамна е нестабилна, па Лијам само презема мерки на претпазливост. Но, да не се лажеме, ним навистина им е тешко, вели изворот кој наведува дека сите се надеваат дека до разделба нема да дојде.

Најмногу поради детето кое треба да наполни една година и е круна на нивната љубов.

Најнови вести

Коронавирус