четврток, 13. август 2020. Вести денес: 119
home Познати

Уште еден скандал?-Нема да верувате што прави принцот Хари со сосетката Адел!

Уште еден скандал?-Нема да верувате што прави принцот Хари со сосетката Адел!

Принцот Хари и Меган Маркл веќе четири месеци живеат во Лос Анџелес со нивниот син Арчи, но се чини дека не им цветаат рози, тврдат странските медиуми.

Имено, според таблоидот „New idea“, принцот Хари во текот на ноќта тајно ја напушта куќата и поминува време со пејачката Адел, која им е сосетка.

Изворот откри дека Адел и принцот Хари, наводно, се состанувале и пиеле заедно.

– Една вечер Меган од еден вработен дозна дека Хари се искрадува од куќата. Не е дека Хари го криел своето пријателство со пејачката, но Меган не забележала дека се случува нешто значајно- откри извор близок до британското кралско семејство, кој додаде:

„Меган е толку опседната со тоа нивните животи да се движат во правец што таа го намислила, и покрај целото лудилото во светот околу нив. Затоа и не забележа дека Хари бара утеха кај други жени.“

Изворот откри и дека принцот и пејачката тајно се дружат барем еднаш неделно.

– Адел е забавна и сака да пие, исто каков што беше Хари пред да се запознае со Меган. Таа му донесе свежина во неговиот живот и го заштити од сето она што му се случува во Лос Анџелес, што воопшто не му се допаѓа- вели изворот.

Сепак, изворот потенцира дека „пијаните ноќи“ со Адел не се ништо несоодветно, и дека Меган нема причина да се лути.

Коронавирус