недела, 9. мај 2021. Вести денес: 139
home Познати

Урнебесни фотографии: Викторија Бекам и Шекил О’Нил позираа заедно

Урнебесни фотографии: Викторија Бекам и Шекил О’Нил позираа заедно

Во пресрет на претставувањето на својата нова колекција во соработка со Рибок, дизајнерката Викторија Бекам и славниот кошаркар Шекил О’Нил кој е познат по својата екстремна висина одлучија да ги насмеат обожавателите.

Разликата во сантиметрите во нивната висина овој пат особено дошла до израз.

Кошаркарската легенда О’Нил кој пред седум години се прости од професионалната кариера се уште е вистинска сензација каде и да се појави.

На својот Инстаграм профил Викторија објави неколку урнебесни фотографии со кошаркарот кои станаа вистински хит за брзо време.

Висинската разлика меѓу неа и О’Нил изнесува 53 сантиметри, па поради тоа и двајцата одлучиле малку да се пошегуваат. Викторија застанала на дрвена кутија, но со своите 163 сантиметри ниту тогаш не успеала да ги достигне 216-те сантиметри на О’Нил.

Коронавирус