четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 40
home Познати

Урнебесен стајлинг на Ана Бекута – нема кој не ја „одмери“: „Каде си тргнала, на карневал ли?“ (ФОТО)

Урнебесен стајлинг на Ана Бекута – нема кој не ја „одмери“: „Каде си тргнала, на карневал ли?“ (ФОТО)

Иако пејачката Ана Бекута изгледа прекрасно и често пати добива комплименти за својот изглед, овој пат на снимањето на Ѕвездите на Гранд се појави во необичен и неочекуван стајлин кој се најде мета на разни коментари.

Имено, Ана се појави во розева и виолетова свилена наметка, а на главата имаше шешир со пердуви. Многумина не беа воодушевени од ова издание, но пејачката доби и позитивни коментари.

„Мантил за спиење“, „Дали со стајлингот сакаше да ја засени Цеца“, „Каде си тргнал, на карневал ли“, „Одлично ти стои овој софистициран вкус“, „Зошто ја нападнавте, жената изгледа прекрасно“, „Не знаат луѓево што е мода“, беа само некои од многуте коментари.

– Што не е јасно? Тоа е Бата Спасојевиќ, изјавила Ана во свој стил и полна со самодоверба во оваа креација.

Погледнете како таа изгледала:

Локални избори 2021