сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 124
home Познати

Ултра згодна дама: Сопругата на шеф Марк со долгите тенки нозе во тесни фармерки изгледа како манекенка (фото)

Ултра згодна дама: Сопругата на шеф Марк со долгите тенки нозе во тесни фармерки изгледа како манекенка (фото)

Шеф Марк Де Јонг стана препознатливо лице во Македонија преку ТВ проектот „Брза кујна“ кој на телевизија Сител се емитува веќе неколку години. Марк е една од оние јавни личности што не ја сокрива приватноста, а со тоа нема проблем и да ги покаше своите сакани.

Најголем дел од приватните фотографии кои ги објавува се заедно со сопругата Василка која многу често знае да ја спомене во интервјуата.

-Сопругата најмногу ги сака сосовите што ги правам, бидејќи во секое јадење треба да има сос, тоа е француска кујна. Тоа е вкусот што ја дава целината на јадењето, вели Марк во една прилика.

Шеф Марк и госпоѓа Василка често сакаат да патуваат, но годинава поради коронавирусот како и останатите, беа спречени да одат подалеку од границите на земјата.

Неодамна споделија моменти од едно такво патување во Маврово каде одмораа во хотел и се релаксираа, а Марк не пропушти да  сподели на својот профил на Фејсбук.

Од приложеното може да се забележи дека неговата понежна половина изгледа ултра згодно, па во тесните црни фармерки изгледа како манекенка со долгите и витки нозе.

Госпоѓа Василка ја одржува својата линија со вежбање во теретана, а неодамна видовме и дека му е поддршка на сопругот во намалувањето на килограмите.

А покрај ваква згодна дама нема сомнеж дека Марк ја има најголемата мотивација.

Локални избори 2021