Американскиот рапер Нипси Хасл, кој беше застрелан пред својата продавница за облека, додека се дружел со фановите, денеска требало да зборува за насилството меѓу бандите.
Според шефот на полицијата, раперот Нипси заедно со началникот на полицијата требало да се сретнат за да разговараат како да се најде начин за да се спречат оружените пресметки меѓу бандите.
Само неколку моменти пред да биде застрелан, Нипси позирал со фановите, а нешто пред тоа на Твитер објавил порака:
„Силните непријатели всушност се благослов”. Потоа бил застрелан заедно со уште две лица пред неговата продавница за облека во Лос Анџелес.
Having strong enemies is a blessing.
— THA GREAT (@NipseyHussle) March 31, 2019
Веднаш бил пренесен во болница, но не можеле да му помогнат зашто имал шест прострелни рани. Сведоците велат дека виделе како убиецот бега со автомобил од местото на убиството.
Полицијата е во потрага по убиецот, за кого се знае само дека е Афроамериканец.