недела, 2. април 2023. Вести денес: 17
home Познати

Убиена сопругата на познатиот музичар, крадци им влегле во домот

Убиена сопругата на познатиот музичар, крадци им влегле во домот

Сопругата на легендарниот музички директор Кларенс Авант е убиена во вторникот од страна на крадци кои влегле во нивната куќа во елитна населба во Лос Анџелес.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во вторник во 02:30 часот ноќта откако повикувачот рекол дека некој е застрелан и убиен.

Сопругата на Авант со која тој бил 54 година, Жаклин, итно била пренесена во болница каде подоцна починала на 81 годишна возраст.

Извор за ТМЗ истакнал дека крадците пукале додека влегле во куќата и ја погодиле жената. Авант во тоа време бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.

Ќерката на парот, Никол Авант е омажена за генералниот директор на Нетфликс Тед Сарандос.