По комичните фотки на Викторија Бекам со Шејкил О’Нил, сега на ред дојде Џенифер Лопез. Таа се фотографирала со кошаркарот на Лос Анџелес Клиперси, Боби Марјановиќ кој е висок два метра и 21 сантиметар.
Поради лошата сезона на Клиперси, за кошаркарот одморот почнал порано па со сопругата Милица бил на концертот на Џенифер Лопез во Лос Анџелес.
Оваа фотографија осамна низ светските медиуми. Ги нарекуваат убавицата и ѕверот, а Џеј Ло е точно 55. сантиметри пониска од Марјановиќ.