вторник, 20. август 2019. Вести денес: 0
home Познати

Убавата Ника блесна на Евровизија, а денес боледува од тешка болест

Убавата Ника блесна на Евровизија, а денес боледува од тешка болест

Пејачката Ника Антолос (29), некогашната членка на групата „Феминем“ која во 2010 година ја претставуваше Хрватска на Евровизија, се бори со тешка болест, а потреснитре детали ги сподели на социјалните мрежи.

Во болница и е дијагностицирана мултипла склероза, а во видео снимката која се најде на нејзиниот прифил напиша:

„Пункцијата завршена, мултипла потврдена. Првпат сум на терапија, а сега таа настапува“.

Пред два месеци не ни насетувала што ја чека. Поради грижа за детето се повлече од пејачката кариера, но се посвети на пишувањето и се надева дека еден ден ќе издаде книга.

Инаку, мултипла склероза е заболување на мозокот и рбетниот мозок, најчесто е прогресивна и може да доведе до висок степен на функционална онеспособенот. Во светот е дијагностицирана кај повеќе од 2,5 милиони лиѓе.

Најчесто се јавува кај млади од 20 до 4о години, но ретко може да се јави и кај деца помлади од 10 години и постари од 50. Сепак, најмногу ја зафаќа популацијата која е работно и репродуктивно во полна снага, па исклучително е важно заедницата да се вклучи во лечењето, рехабилитацијата и да помогне во секојдневниот живот. Помошта е неопходна бидејќи болеста бара целосен ангажман.