среда, 23. септември 2020. Вести денес: 52
home Познати

Убавата Меланија слави роденден: Никој не верува колку години полни, а погледнете што доби од сопругот Трамп

Убавата Меланија слави роденден: Никој не верува колку години полни, а погледнете што доби од сопругот Трамп

Меланија Трамп, првата дама на САД која уште од самата победа на Доналд на претседателските избори почна повеќе од него да ги полни медиумите, како со својата атрактивност и стил, така и со своето однесување и потези, го прослави 48-от роденден.

Запрашан што и купил на својата сопруга за 48-иот роденден, претседателот на САД, Доналд Трамп, призна дека „можеби не купил којзнае што“, додавајќи: „Знаете, јас сум многу зафатен“.

Во телефонското интервју за „Fox News“, тој рече дека и зел на својата сопруга „прекрасна картичка“ и цвеќе.

Меланија Трамп е исто така зафатена. Таа ја планираше државната вечера за францускиот претседател во вторникот. Минатиот викенд присуствуваше на погребот на поранешната американска прва дама Барбара Буш во Хјустон.

Неодамна двајцата со претседателот беа домаќини на јапонскиот премиер и неговата сопруга на имото во Флорида за дводневна посета.

Коронавирус