сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 112
home Познати

Убавата манекенка се самоубила: Боатенг предупредуваше дека со неа нешто не е во ред, ја остави пред неколку дена

Убавата манекенка се самоубила: Боатенг предупредуваше дека со неа нешто не е во ред, ја остави пред неколку дена

Поранешната девојка на фудбалерот на Баерн Минхен, Жером Боатенг, изврши самоубиство. Касија Ленхард е популарна манекенка, која во последниот период имала бурен живот. Таа е пронајдена мртва во нејзиниот дом. Инаку, Каси и Боатенг беа во врска околу една година, а раскинаа на почетокот на овој месец.

Бројни германски медиуми пишуваа за крајот на нивната љубовна врска. Каси ја обвини ѕвездата на Баерн за заговор, додека Боатенг истакна дека таа го „принудувала“ на врска и дека имала проблеми со алкохол.

-Вчера околу 20.30 часот имаше полициска акција во Шарлотенбург под сомнение за самоубиство. Безживотно лице е пронајдено во стан. Нема индиции за убиство од трето лице, соопшти берлинската полиција.

За крајот на оваа љубов, пред една седмица се обрати и Боатенг, а тој изјави дека Каси го принудувала на врска.

„Се надевам дека ќе ја добие потребната помош“, рече Боатенг, а таа за германските медиуми изјави дека ќе ги коментира неговите изјави, но дека и треба време да „се собере“.

ЕУРО 2020

Македонија