Јасно ни е дека модата не следи временска прогноза, а некои велат дека за убавина издржуваат се, па дури и студ.
Убавата актерка Мирка Васиљевиќ изгледа одлично. Таа е мајка на три деца, а слободно може да се гордее со својата фигура. Кога таа се појави во емисијата на Огнен сите беа едногласни дека е прекрасна, но модните критичари “распалија“ по нејзиниот стајлинг.
Според нив, Мирка малку ги измешала годишните времиња. Горе облечена како за февруари, а долу како да е август.
Критичарите велат дека нејзиното издание е “проблематично на повеќе нивоа“.
Во Белград температурите се далеку под нулата, па воопшто не доликува да се излезе во летни сандали и здолниште кое доликува да се носи на плажа бидејќи повеќе наликува на марама, коментираат медиумите.
За нив е спорна и комбинацијата. Горе има облечено црна плетена ролка со кожна јакна која ја носи закопчана. Доле сосема спротивно.
Мирка, ја пратиш ли временската прогноза?- коментираат и нејзините фанови.