петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Познати

Убава вест во семејството на Шабан Шаулиќ: По големата тага – конечно веселба

Убава вест во семејството на Шабан Шаулиќ: По големата тага – конечно веселба

Михајло Шаулиќ, синот на трагично загинатиот пејач Шабан Шаулиќ, закажал венчавка со својата свршеница Марина Велимировиќ, јавуваат локалните медиуми.

Михајло и неговата свршеница закажале венчавка за септември годинава, пренесуваат медиумите и наведуваат дека парот ја очекува венчавка следната година.

-Сите се неописливо среќни поради се убаво што им се случува. Секако, штом идните младенци им ја соопштија веста на своите семејства, почнаа да се прават планови за венчавката, па деновиве веќе се во тек подготовките, изјавил изворот за медиумите, додавајќи:

-Свадбата е закажана, некои од најблиските пријатели се веќе известени, додека други наскоро ќе добијат официјални покани. Бидејќи младенците сакаат дискреција без преголема помпа, се ќе биде организирано во престижен хотел во главниот град, додал извор близок до семејството Шаулиќ.

Според информациите, Михајло и Марина организираат се во договор, а целото семејство и пријателите се пресреќни од радосната вест.

Инаку, Марина е дипломиран педагог од Белград.

Коронавирус