вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 94
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Познати

Уапсена американска актерка, го тепала партнерот

Уапсена американска актерка, го тепала партнерот

Американската актерка Хедер Локлир, позната по улогите во сапуниците „Династија” и „Мелроуз плејс” е уапсена викендов поради семејно насилство и спротивставување на полицијата во својот дом во Калифорнија.

Таа е уапсена поради физички напад врз својот партнер, кој притоа се здобил и со телесни повреди, соопштуваат локалните власти.

Не се наведува за какви точно повреди се работи, но се знае дека мажот е однесен и згрижен в болница.

Кога пристигнала полицијата во нејзиниот дом, Локлир не сакала да соработува и станала агресивна кон нив. Тогаш глумицата добила лисици на рацете, но подоцна била ослободена со кауција од 200.000 долари.

Пред да биде притворена, и таа била згрижена во амбуланта поради повреди.

Властите исто така не го соопштуваат името на нејзиниот партнер, кој го пријавил инцидентот.

Коронавирус