среда, 21. април 2021. Вести денес: 116
home Познати

Уапсен српскиот пејач Слоба Радановиќ

Уапсен српскиот пејач Слоба Радановиќ

Српската полиција во текот на денешниот ден упаднала во кафеана и го прекинала скандалозниот настап на Слоба Радановиќ и го испразнила објектот. Во тој момент во локалот имало стотина луѓе и сите мораа да тргнат кон излезната врата.

Интервентната полиција упаднала во кафеаната веднаш побарала да биде исклучена музиката и ја прекинала забавата на која присуствуваа голем број на луѓе, на пејачот исто така му беше одземен микрофонот и сите гости кои беа внатре веднаш беа исфрлени од истата.

Пејачот, неговиот бенд и менаџментот на кафеаната се задржани и прекршочно ќе бидат гонети, пишуваат српските медиуми.

Како што пишуваат тамошните медиуми, Слоба Радановиќ е приведен и сослушан во полиција, околу случувањата од кои се загрози целата јавност.

Коронавирус