среда, 4. август 2021. Вести денес: 90
home Познати

Тврдењата на Винона му донесоа отказ на Мел Гибсон: Неговите невкусни шеги за Евреите скапо ќе ги плати!

Тврдењата на Винона му донесоа отказ на Мел Гибсон: Неговите невкусни шеги за Евреите скапо ќе ги плати!

Мел Гибсон (64) нема да ја повтори улогата во долго очекуваното продолжение на „Chicken Run“ на „Нетфликс“, тврдат извори блиски до продукцијата.

Одлуката следи откако актерката Винона Рајдер во неделата го обвини Гибсон за антисемитски навреди кон неа за време на забава во 1995 година.

-Бевме на забава со еден од моите добри пријатели и Мел Гибсон пушеше цигара, рекла 48-годишната актерка за „Сандеј тајмс“.

Таа додала дека некој ја покренал темата за еврејската вера, а Гибсон ѝ се обратил и ја прашал дали и таа избегала од пејчката, што била очигледна референца за начинот на кој биле запалени еврејските заробеници во нацистичките логори на смртта.

Рајдер тврди дека на истата забава, Гибсон ја прашал нејзината геј пријателка дали сега тој ќе добие СИДА од неа. Таа додала дека тој подоцна се обидел да се извини за неговите навредливи изјави.

Во имејл испратен до „Њујорк пост“, портпаролите на Гибсон ги негираа обвиненијата на Рајдер дека тој ја навредил кога дознал дека е Еврејка.

-Ова е 100 отсто невистина, рекле тие, тврдејќи дека Винона Рајдер лажела и во колумната за „Џеј Кју“ во 2010 година кога првпат го спомнала наводниот инцидент.

Коронавирус