четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 21
home Познати

Турунџиева си ја отвори душата- призна дека годината не и тргнало на добро, но собра сили и запеа песна со Атиџе (ВИДЕО)

Турунџиева си ја отвори душата- призна дека годината не и тргнало на добро, но собра сили и запеа песна со Атиџе (ВИДЕО)

Телевизиската водителка Сузана Турунџиева на социјалната мрежа Инстаграм се пофали дека ја посетила хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, во нејзиниот дом.

Таа вели дека годината ѝ тргнала лошо, но дека средбата со Атиџе била најдоброто нешто што ѝ се случило во изминатиов период.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сузана Турунџиева (@suzana_turundzieva) on

„Не престанавме 2020 година да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е па за мене 2020 е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од сè е пријателството со Атиџе – жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата „диоптрија” на животот. Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат… Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме. Фала ти животе“, напиша Сузана.

 

View this post on Instagram

 

#honeyland #makedonskodevojce #medenazemja #medenazemlja #меденаземја

A post shared by Сузана Турунџиева (@suzana_turundzieva) on

Најнови вести

Локални избори 2021