петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 170
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Познати

Турскиот актер откако ја гледаше сопствената вила како му гори во пожар сега се одлучи за нова – цената на овој луксуз е вртоглава

Турскиот актер откако ја гледаше сопствената вила како му гори во пожар сега се одлучи за нова – цената на овој луксуз е вртоглава

Старата куќа на познатиот актер Бурак Озчивит се најде на патот на пожарите во Турција ова лето.

Оваа година Турција го помина едно од најлошите лета во својата историја кога станува збор за шумски пожари. Дури и добро познатиот актер, БуракОзчивит, делумно беше жртва на оваа еколошка катастрофа.

По завршувањето на ангажманите, Бурак, заедно со неговата сопруга ФахријеЕвџен и синчето Каран заминаа на летување во Бодрум. Иако поседуваат куќа на плажа, тие одлучија летото да го поминат во планините кај приморското село Гамушлик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)

За жал, оваа област беше една од многуте погодени од овогодинешните пожари и Бурак и неговото семејство мораа да сведочат како пожарот полека се приближува до нивниот летен дом. По ова, тие беа принудени да ја напуштат вилата.

Иако на почетокот пожарот беше ставен под контрола, по неколку дена силен ветар тој повторно се разгоре и стаса до куќата на Бурак и Фахрије.

„За жал, пожарот ја зафати и нашата куќа.“, објави Бурак на социјалните медиуми, известувајќи ги обожавателите дека тој и неговото семејство се на безбедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)

По конечното стивнување на пожарот, штетата бргу била санирана. Но, сепак, Бурак и Фахрије заедно ја донеле одлуката да ја продадат вилата и да купат нова. Цената на старата вила не и е позната на јавноста, но според некои медиуми, новата вила ги чинела околу 1,5 милиони евра (15 милиони турски лири).

Очигледно се се заврши добро за познатата двојка, иако тие признаа дека го откажуваат летувањето поради сите несреќи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)

Локални избори 2021