недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 52
home Познати

Турција во шок: Проговори љубовницата на Мустафа Сандал

Турција во шок: Проговори љубовницата на Мустафа Сандал

Пејачот Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ и актерката и манекенка Џерен Хиндистан се во врска.

Во една ТВ емисија, манекенката решила да биде искрена.

-Бидејќи тој не сакаше да дава никакви изјави за тоа, медиумите ме притискаа мене. Почнавме да разговараме преку социјалните мрежи, а после тоа ете почнавме. Благодетите на технологијата понекогаш треба да се искористат. Нема да влегувам во деталите на пораките, многу се лични. Можно е тој се уште да негува некои чувства кон Емина, имаат десет заеднички години и две деца, рекла таа и додала дека верува дека Емина и Мустафа ќе останат пријатели.

-Секако дека ќе се гледаат. И мислам дека нема лесно да ја заборави, но тоа мене не ме вознемирува, ниту би дозволила тоа да се случи. Емина за него е посебна. Ем е мајка на неговите деца, ем е жена во која бил заљубен и со која се оженил. И не мислам дека може да ја заборави за 5-6 месеци. Јас секогаш сум му поддршка, како другарка, како пријател. А што ќе се случи на крај, ќе видиме, изјавила Хиндистан.

Најнови вести

Коронавирус