среда, 11. мај 2022. Вести денес: 195
home Познати

Тридневно мени на Јелена Карлеуша – преполно е со витамини и здрави намирници, килограмите сами ќе исчезнат

Тридневно мени на Јелена Карлеуша – преполно е со витамини и здрави намирници, килограмите сами ќе исчезнат

Популарната пејачка своевремено беше на строга диета, која им ја кажа на своите фанови на Инстаграм, а тамошните медиуми минатата пролет објавија како ќе изгледа нејзиното мени за три дена.

Пејачката Јелена Карлеуша е позната по својата исклучително витка фигура со која може да се гордее од почетокот на кариерата и благодарение на која може да се чувствува многу самоуверено и опуштено во провокативните костими што ги носи на сцената.

Како што и самата признала, пред неколку години имала проблеми со вишокот килограми.

Никогаш не сум била подебела! Сега јавно ќе признаам, немам проблем со тоа. Имам 75 килограми – изјави таа во емисијата Кирилица.

Сепак, набргу потоа, Јелена беше старата – можеби уште попривлечна од било кога и што е најважно, се чувствуваше поздраво. Свесна е дека здравјето започнува со правилна исхрана.

Здравјето е апсолутно и влегува само преку устата. Вие сте здрави колку што се храните здраво. На крајот на краиштата, погледнете се во огледало голи. Сликата јасно ќе ви каже каде грешите – истакна таа во една прилика во интервју за српските медиуми .

-Никогаш во животот не сум била болна, а мислам дека за тоа е заслужна исхраната без месо, со минимум животински протеини во форма на јајца, риба и млечни производи. Прво јадам многу овошје, а потоа зеленчук.

Пејачката е, инаку, поборник на веганството и вегетаријанството, а за Глоси неодамна истакна дека не им наметнуваат на ќерките што треба да јадат.

Минатата година Story го објави тридневното мени на Јелена, кое можеби малку ќе ве изненади.

Мени на Јелена Карлеуша

Прв ден

Појадок: Сирење со малку маснотии 400 гр, две парчиња интегрален леб, салата
Ужина: две јаболка
Ручек: Грашок со зеленчук 400гр, салата
Вечера: Салата од тиквички

Втор ден

Појадок : овесна каша 4 лажици, микс од овошје, чиа семе
Ужина: 300гр цреши
Ручек: Потпечена боранија со зеленчук, салата
Вечера: Кисело млеко 360мл, салата

Трет ден:

Појадок : Мафини со тиквички, салата
Ужина: Витаминска салата со црвена зелка
Ручек: Печурки со зеленчук
Вечера: чорба од компири

Коронавирус